Home Спорт Фергусон е во кома:„Не сме сигурни дали ќе преживее“

Фергусон е во кома:„Не сме сигурни дали ќе преживее“

Легендарниот менаџер на Манчестер Јунајтед и најтрофеен менаџер во Премиер лигата, Алекс Фергусон се наоѓа во критична состојба и води животна битка.

Последните информации од Островот се дека Фергусон моментално е во кома, а близок пријател на семејството за медиумите изјави дека се уште не се сигурни дали Алекс ќе успее да преживее.

„Не се сигурни дека ќе преживее, но сите се обидуваат да останат оптимисти. Се надеваат дека борбениот дух на Ферги уште еднаш ќе ја добие битката. Фудбалскиот свет е изненаден и погоден, Фергусон беше со добро здравје, полн со сила и елан, а вчера следеше шок за сите“, изјави пријателот.

„Алекс Фергусон е во сериозна здравствена состојба. Сите доктори се ангажирани околу него, но мораме да бидеме подготвени и на најлошото”, напиша еминентниот Гардијан.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Спорт
Comments are closed.

Check Also

Имаше многу жени, а само две ги бакна јавно: Чола во љубовта се држеше до едно правило

Познат како заводник, но која е вистината – кого го сакал Здравко Чолиќ? Здравко Чолиќ со …