Home Актуелно Фејсбук тврди: „Тролови“ од Македонија ширеле лажни вести за коронавирусот

Фејсбук тврди: „Тролови“ од Македонија ширеле лажни вести за коронавирусот

Таканаречени „фарми за тролови“ од Македонија и Филипините ширеле дезинформации за коронавирусот на страници и групи на социјалната мрежа Фејсбук од интернет страница „Natural News“, по што од компанијата Фејбук биле отстранети за спамирање и несоодветно однесување, а не за објавените содржини, објави CNBC.

Спред објавеното, од компанијата Фејсбук соопштиле дека пронашле странски тролови од овие две земји кои објавувале содржини од „Natural News“ за борба против вакцинирањето, лажни вести за коронавирусот, 5G технологијата, Бил Гејтс, но спорелувале и содржини од сетрински веб-страници за вештачки да ја зголемата посетеноста.

Исто така во извештајот на CNBC се вели дека Фејсбук ја забранила станицата „Natural News“ претходно и минатата година по откриени манипулации, по што следела забрана за сите корисници да објавуваат нејзини линкови.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Десет магични места на Медитеранот за вашето следно патување

Замислете го ветерот како нежно ја замавнува завесата додека седите на тераса со поглед ко…