Home Вебкафе Американците кои го надлетуваа Скопје беа зачекани од Русите над Балтикот

Американците кои го надлетуваа Скопје беа зачекани од Русите над Балтикот

Двата американски бомбардери што заедно со четири грчки авиони вчера прелетаа над Скопје во знак на поддршка и добредојде за земјава во НАТО биле пресретнати од руски ловци над Балтичко Море, објави на Твитер руската амбасада во земјава.

„Двата американски Б-1 лансери од Воздухопловната база Елсворт, во Јужна Дакота, кои беа упатени кон државната граница на Русија над Црно Море, денес беа пресретнати од два руски ловци Сухои“, објави руската амбасада пренесувајќи го во прилог твитот на американската амбасада во Скопје во кој се вели дека прелетот е израз на трајната поддршка за Македонија.

Двата авиона на американското воено воздухопловство придружувани од четири авиони на грчката воена авијација вчера извршија прелет над територијата на Македонија во чест на нашето членство во НАТО.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Дали знаевте дека старееме во три фази? Нова студија открива: сè се менува на 34, 60 и 78 години!

ДАЛИ ЗНАЕТЕ ДЕКА ВСУШНОСТ СТАРЕЕМЕ ВО ТРИ ФАЗИ? НОВО ИСТРАЖУВАЊЕ ВЕЛИ: КЛУЧНИТЕ ПРЕСВРТИ С…