Фановите на Реал го избраа наследникот на Роналдо


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Напаѓачот на Тотенхем, Хари Кејн е изборот на фановите на Реал Мадрид за заменик на Кристиано Роналдо.

Тоа го покажа анкетата на „Марка“ во која учествуваа повеќе од 200.000 приврзаници на европскиот шампион.

Од 8-те понудени опции најмногу гласови собра токму Хари Кејн, дури 26%, а потоа следуваа Едисин Кавани и Мауро Икарди со 14% гласови.

Ѕвездата на Баерн Минхен, Левандовски имаше 12% гласови, а поранешниот напаѓач на „кралевите“ Алваро Мората доби 8% гласови, додека Родриго од Валенсија само 6%.

5% од анкетираните сметаат дека треба да дојде друг фудбалер, а најмалку гласови доби Роберто Фирмињо, само 2%.

Интересно, во анкетата ги немаше ѕвездите на ПСЖ, Нејмар и Мбапе, како и Еден Азар.