Ваков бакнеж во јавност не е според кралските протоколи


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Кога станува збор за јавното изразување и искажување емоции и страсти, кралските британски протоколи се прилично строги за тоа. Но, очигледно принцот Хари и војвотката Меган не планираат многу да ги есапат овие правила кои ги кочат јавно да ја покажат својата љубов еден кон друг.

Меган Маркл беше присутна на поло мечот во Винздор каде го бодреше својот сопруг, принцот Хари и неговиот тим. Таа, на крајот од мечот, имаше задача да го предаде пехарот на победничкиот тим, кој на сета среќа го вклучувал и нејзиниот сопруг.

По мечот, Меган се запознала со шампионите и го предала трофејот на капитенот, поло ѕвездата и долгогодишен пријател на Хари, Начо Фигуерс. Потоа не можела да одолее, се свртела и го бакнала својот сопруг, прегрнувајќи го со двете раце.

Кога таа и Хари го напуштиле теренот, го погалила по грбот и потоа се фатиле за раце. Да, овој опис можеби ви звучи чудно и смешно, но кралските протоколи не познаваат и дозолуваат ваква опуштеност во јавност од страна на своите припадници.

Инаку Хари и Меган не би смееле да ги покажуваат чувствата на јавни настани и обично не одат подалеку од тоа да се држат за раце или таа него под рака. Единствен пат кога јавно се бакнаа, беше на денот на нивната венчавка.