Европската ракометна федерација: 25 години елитен ракомет – сè почна од Битола!


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Пред почетокот на новата сезона во ракометната лига на шампиони, европската ракометна федерација на својот официјален Твитер профил потсети на почетоците.

„Како што влегуваме во 25 сезона на Лигата на шампиони, добро е да погледнеме каде се започна, пред 24 години со Пелистер Битола и Целје Пивоварна Лашко“, пишаа од ЕХФ (Европската ракометна федерација) на Твитер, објавувајќи го записникот од натпреварот кој се одржа во спортската сала Младост на 29 август 1993 година, а заврши со резултат 22:23.