Европската агенција за лекови: Две дози од вакцините против Ковид-19 многу веројатно штитат и од делта-сојот на коронавирусот


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Европската агенција за лекови смета дека две дози од вакцина против ковид-19 многу веројатно штитат од многу зарзаниот делта сој на коронавирусот, објави Европската агенција за лекови.

„Податоците кои се појавуваат, а се добиени од конкретни докази, покажуваат дека две дози од вакцина штитат од делта сојот – изјавил Марко Кавалери, задолжен за стратегијата за вакцинација во ЕАЛ (ЕМА).

Бројот на заразени со ковид-19 расте во Европа од минатата недела, по десет недели, соопшти европскиот уред на Светската здравствена организација, додека се шири бранот на зараза со делта сојот.

„Изгледа дека во моментов четирите вакцини одобрени од Европската унија штитат од сите соеви кои се раширени во Европа, па и од делта сојот“ – велат од СЗО.

ЕМА во ЕУ ги одобри за употреба четирите вакцини Фајзер/ Бионтек, Модерна, АстраЗенека и Џонсон и Џонсон.