Еве што се јаде: Хит новогодишни јадење во земјите ширум светот


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Додека кај нас новогодишната трпеза скоро задолжително „тежи-лежи“ од храна и јазни јадења, па се наоѓа или руска салата, или сарми, или свинско месо (или комбинација од сето ова) во другите земји низ светот обичаите се сосема други. Еве што се јаде за Нова година во разни земји ширум светот.

Јапонија – тестенини

31-12-novogodisni-jadenja-sirum-svetot1

Јапонците на полноќ за Новата година јадат „toshikoshi soba” – долги нудли кои симболизираат долг живот. Тие не смеат да се сечат со нож, туку мора да се вшмукуваат цели.

Мексико – Rosca de Reyes

31-12-novogodisni-jadenja-sirum-svetot2

Во Мексико се јаде овој специјален леб печен во форма на прстен, врз кој има кандирано овошје. Во него секогаш има некое предметче, кое ќе му носи среќа на оној што ќе го пронајде.

Шведска и Норвешка – сутлијаш

31-12-novogodisni-jadenja-sirum-svetot3

Сутлијашот, или т.н пудинг од ориз, е вообичаен на новогодишната трпеза во овие земји. И тие имаат обичај од ставање на нешто што носи среќа – во овој случај бадемче – и кој го најде го чека просперитетна година.

Аргентина – грав

31-12-novogodisni-jadenja-sirum-svetot4

Тука за Нова година се јаде грав, за кој сметаат дека ќе им помогне во задржувањето на работата, или пронаоѓање на нова и подобра.

Кореа – теокгук (tteokguk)

31-12-novogodisni-jadenja-sirum-svetot5

Тоа е супа исполнета со ориз, месо и зеленчуци, а нејзиното јадење е групна активност која на оние кои што ја јадат ќе им даде среќа низ целата година. Корејците ја гледаат Новата година и како еден вид на славење на роденден, па така tteokguk според нив додава уште една година во животот на тој што ја консумира.

Германија – крофни

31-12-novogodisni-jadenja-sirum-svetot6

Германците околу полноќ за Нова година јадат крофни познати како Берлинер или Крапфен, а кои всушност се идентични како „нашите“ крофни – покриени се со шеќер во прав и исполнети најчесто со мармалад. Но за „најлудата ноќ“, многумина решаваат да ги насамарат гостите со тоа што крофните ги полнат со сенф.

Холандија – „мрсни топчиња“ (oliebollen)

31-12-novogodisni-jadenja-sirum-svetot7

Преводот на „oliebollen” е буквално „мрсни топчиња“. Ова се малечки топчиња од тесто кои се пржени, покриени со шеќер во прав и наполнети со суви рибизли или грозје. Според легендата, оние кои ги јаделе топчињата го преживувале гневот на Перчта (или Берта), паганска божица која им ги расекувала стомаците на луѓето од бунтовните племиња, така што нејзиниот меч, поради маста, се слизнувал од стомаците на оние кои ги јаделе топчињата.

Полска – кисела харинга

31-12-novogodisni-jadenja-sirum-svetot8

Полјаците на полноќ уживаат во кисела харинга, заедно со други видови на пушена или кисела риба, бидејќи се верува дека ваквата храна ќе влијае врз просперитетната година.

Италија – леќа

31-12-novogodisni-jadenja-sirum-svetot11

Покрај рибата, во Италија се јаде леќа за време на Новогодишната прослава. Бидејќи зрната потсеќаат на парички, тие симболизираат богатство и просперитет во новата година.

Турција – калинка

Pomegranite, Turkey

Калинката симболизира плодност и изобилство во новата година

Шпанија – чурос

31-12-novogodisni-jadenja-sirum-svetot10

Чурос се вид на шпански крофни кои Шпанците ги консумираат во комбинација со топло чоколадо во градските кафулиња, откако на плоштадите ќе ја дочекаат Новата Година. После забавата на плоштадите, традиционално сите одат во кафулињата каде се служат чурос со топло чоколадо и забавата продолжува до утринските часови.