Home Актуелно Еве што мисли Гејтс за криптовалутите

Еве што мисли Гејтс за криптовалутите

Како еден од највлијателните луѓе во технолошкиот свет на планетарно ниво, Бил Гејтс има свој став за криптовалутите кој можеби ќе ги изненади многумина. Но, си има и своја причина (прилично разумна) за таквиот став.

Криптовалутите ги убиваат луѓето во речиси директна смисла на зборот, смета основачот на технолошкиот гигант Мајкрософт, Бил Гејтс.

Тој смета дека криптовалутите како што се биткоин и литекоин го олеснуваат купувањето на дрога. Тој додава дека анонимноста на дигиталните валути го олеснува финансирањето на терористите и перењето пари.

На прашањето за неговиот став за технологијата позади криптовалутите, блокчејн, Гејтс открива дека и за тоа има забелешки. Според него, анонимноста не е толку добра.

Основачот на Мајкросфот смета дека е добра работа можност ана државните органи да ги пронајдат парите кои се пераат и да ги казнат лицата кои избегнуваат даноци и кои финансираат тероризам.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Актуелно
Comments are closed.

Check Also

Имаше многу жени, а само две ги бакна јавно: Чола во љубовта се држеше до едно правило

Познат како заводник, но која е вистината – кого го сакал Здравко Чолиќ? Здравко Чолиќ со …