Еве кој е „виновен“ за банкротот на легендата Борис Бекер

бекер

Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Легендарниот германски тенисер Борис Бекер и понатаму е во центарот на вниманието, осбоено на јавноста во татковината, поради банкрото кој неодамна му го прогласи судот во Лондон.

Најмладиот шампион во историјата на Вимблдон демантира дека останал без пари, но медиумите пишуваат дека тој останал без стотици милиони евра кои ги заработил во кариерата.

Иако е познат како човек кој сака да троши пари, весникот „Шпигл“ пренесува дека причина за банкротот е лошата деловна проценка бидејќи работел со погрешни луѓе.

Германскиот весник пишува дека Бекер бидејќи го послушал советот на еден пријател загубил повеќе од 100 милиони евра. Имено тој вложил пари во нафтени компании во Нигерија кои многу бргу пропаднале.

„Господинот Бекер е човек кој знае да управува со своите финансии“, рекол неговиот адвокат Џон Бригс.

Борис Бекер три години беше тренер на Новак Ѓоковиќ, а соработката ја завршија кон крајот на 2016 година.