Home Спорт Еве како Роналдињо му го честиташе на Меси трансферот во ПСЖ

Еве како Роналдињо му го честиташе на Меси трансферот во ПСЖ

Лео Меси е нов играч на ПСЖ – оваа е најбомбастичната фудбалска и спортска вест која го „тресе“ светот. После 21 година настап за Барселона, Аргентинецот одлучи да замине после големите финансиски проблеми во клубот.

Неговото заминување во Париз предизвика еуфорија, а трансферот го поздрави и Роналдињо.

Легендарниот Бразилец за ПСЖ играше од 2001. до 2003. година, од каде замина во Барселона, каде настапуваше до 2008. година. Роналдињо и Меси беа соиграчи од 2004. година, кога Меси дебитираше за сениорскиот тим.

„Голема среќа е да играте во овие два клуба и да го видите својот пријател во овој дрес. Ти посакувам многу среќа, Лео. Исто така, многу сум среќен што со тебе е и Серхио Рамос. Чувствувам дека ќе ја освоите ЛШ.“ – напиша Бразилецот.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Спорт
Comments are closed.

Check Also

Прва светска титула во кошарка за Германија

Германската кошаркарска репрезентација на сензационален начин стигна до својата прва титул…