Home Шоубизнис Еве како реагираше Меколи Калкин на веста дека ќе се снима римејк на „Home Alone“

Еве како реагираше Меколи Калкин на веста дека ќе се снима римејк на „Home Alone“

Како мало момче Меколи Калкин ги освои срцата и симпатиите на милиони гледачи кои станаа верни обожаватели на франшизата „Home Alone“ после неговото прво појавување во улогата на Кевин во „кецот“ од овој филмски серијал.

Првиот дел беше објавен точно на Божиќ и до ден денес оваа божиќна семејна авантура и комедија се пушта за време на божиќните празници и е редовна филмска лектира која се прегледува околу новогодишниот период.

А од Disney сега најавија дека ќе снимаат римејк на оригиналот од „Home Alone“, на што со своја реакција на Твитер се огласи и 38-годишниот Калкин.

На неговиот Твитер профил Меколи објави фотографија на која седи на кауч со лаптоп пред себе. На главата има трака, на себе има мали кратки панталончиња и мала поткошулка, а покрај него има садови со храна.

„Вака изгледа новата верзија на филмот Home Alone“, се пошегува во коментарот на сликата Калкин и ги означи Disney додавајќи да му се јават.

Засега не е познато што ќе донесе римејкот,како ни кои би можеле да ги глумат ликовите на Кевин и славните разбојници „Wet Bandits“.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Имаше многу жени, а само две ги бакна јавно: Чола во љубовта се држеше до едно правило

Познат како заводник, но која е вистината – кого го сакал Здравко Чолиќ? Здравко Чолиќ со …