Еурокомпозит и ССМ потпишаа колективен договор


Како е да се биде професионален Counter-Strike играч! ↓↓↓


Менаџерскиот тим на  фабриката Еурокомпозит 11 Октомври во Прилеп  денеска потпиша колективен договор со Сојузот на синдикати на Македонија (ССМ).

Договорот го потпишаа генералниот директор Марјан Додовски и претседателот на УО Христо Најденов и претседателот на основната организација на синдикатот во фабриката Цветан Боцески и претседателот на гранковиот Синдикат за индустрија, енергетика и рударство, Пеце Ристевски.

Според генералниот директор на Еурокомпозит Марјан Додовски, со колективниот договор се гради доверба меѓу вработените и менаџерскиот тим кој почнал редовно да ги исплаќа платите на 290-те вработени во компанијата која е последен загубар чиј статус се решава. Има заостанати долгови од еден милион евра.

Овој документ, сам по себе не треба да претставува само како пишан акт кој треба да се реализира, меѓутоа за мене значи чин на градење на доверба помеѓу вработените и менаџерскиот тим на Еурокомпозит. Верувам во изминатата година почнавме да градиме систем на доверба, започнавме да решаваме одредени горливи проблеми кои децении тежеа во фирмата, но чекор по чекор почнавме со санирање на старите проблеми, рече Додовски, дополнувајќи дека

Сега во Еурокомпозит не постои вработен кој не е здравствено осигуран и минато се оние потврди за лекување кои се издаваа од пред една година и вработените може да го користат елементарното право на здравствено осигурување.

Почна динамика на редовно исплаќање на нето платите и оваа година се трудиме да ја задржиме динамиката и до 10-ти во месецот вработените да имаат редовни примања. Верувам дека 2016 година ќе ја завршиме со попозитивни резултати од минатите години, а 2017 година можеби ќе биде и клучна за пресвртницата во Еурокомпозит. Компанијата има околу 290 вработени. Вработените земаат дел нето, дел бруто плата. Во делот од бруто платата им се платени здравственото и дел од пензиското осигурување. А другиот дел, три – четвртини што со години не е плаќано, треба да се решава. Останати долгово од изминатите пет до шест години се околу еден милион евра. Инаку, имаме и ќе имаме конкурси за вработување за специфични кадри. Со синдикатот имаме добра комуникација и во тек е изработката на новата систематизација, изјави Додовски.

Тој најави дека почнува процесот на стабилизација на овој македонски загубар кој има тековни договори со Министерствата за одбрана и за внатрешни ртаботи, со странски фирми и назнака за потпишување нови, подигнувајќи го квалитетот на работењето.

Изминатава година се потрудивме да работиме на квалитетот на нашите производи и во квалитетот на менаџирањето. За тоа сведочи и новиот сертификат што го добивме вчера – ИСО 9001 и ќе важи до 2018 година. За потврдата во квалитетот говорат корисниците на нашите услуги – Министерствата за внатрешни работи и за одбрана. Овој колективен договор треба да претставува една рамка во која ќе се движиме сите во Еурокомпозит и е а сите – и за менаџерскиот тим и за вработените. Верувам дека полека почнува да се бриши темната дамка што ја имаше фирмата како загубар и во иднина Еурокомпозит ќе биде респектабилна компанија не само во македонија, туку и во Југоисточна Европа. Имаме разговори и преговори со многу меѓународни компании за склучување договори и верувам дека 2017 година ќе биде обележана со поголеми договори за пласман на производите од балистичката заштита.