Екстра

ETCH: „Солен“ часовник кој го гравира времето

Најскапите часовници на светот не само што се гламурозни, туку се изработени со префинет вкус од племенити метали и перфектно обработени драги камења.

ETCH, на прв поглед, со површината како камен врамен во алуминиумска рамка, не делува ништо посебно и не оддава впечаток на луксуз, не разликувајќи се од другите обични декоративни предмети во домот. Но, она што наизглед делува како неподвижна површина, повремено формира, поточно како да „гравира“ дигитални карактери кои го покажуваат точното време.

Тајната лежи во еластичната мембрана од која е направена површината на часовникот и овозможува формирање на елегантен 3D ефект. Откако ќе го покаже точното време, мембраната пополека се враќа во порвобитната положба.

Димензиите на часовникот се 40х40 сантиметри, а тежок е околу 6 килограми и може да се чува на маса или да се закачи на ѕид. Со помош на апликација на мобилниот телефон времето на часовникот може да се синхронизира со точното моментално време и така го покажува прецизно и точно часот со минутите.

Апликацијата овозможува и избор на два начини на прикажување на времето. Режимот Sync&Go времето го прикажува на секои 30 секунди, а Sync&Sensor го активира времето на секоја половина минута доколку регистрира звуци во просторијата.

ETCH дефинитивно е ефикасен и стилски детал во ентериерот, но доаѓа и со прилично „солена“ цена од 1.450 долари.

Advertisements
To Top