Епска кражба: Модел на Ferrari од над 2 милиони долари украден на пробно возење


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Ова буквално му доаѓа како на филм – само на филм сме гледале вакви измами и кражби. Измамник кој се претставил како „колекционер“ на скапоцени и луксузни „олдтајмери“ го искористил пробното возење на модел на престижната автомобилска марка „Ferarri“ за да го украде автомобилот кој чини повеќе од два милиони долари.

Осомничениот рекол дека е заинтересиран за купување на автомобилот „Ferrari 288 GTO“ од 1985 година, рекле во полицијата во Дизелдорф, пренесува BBC.

Во автосалонот дошол со такси возило и два часа подоцна, во текот на пробното возење, се случила замена на возачите. Но кога продавачот го запрел автомобилот, купувачот седнал зад управувачот, нагазил на педалата за гас и побегнал. Луксузниот примерок на Ferrari е пронајдено два часа подоцна во една гаража.

Од полицијата рекле дека „историскиот примерок“ кој минал 43.000 километри, чини повеќе од два милиони американски долари. На интернет страницата на автосалонот е наведено дека некогаш му припаѓал на поранешниот пилот во Формула 1, Еди Ирвин, кој возеше за тимот на Ferrari од 1996 до 1999 година.

За среќа на полицијата, забележливиот автомобил со препознатливата црвена боја „Rosso Corsa“ го привлекол вниманието на многу случајни минувачи, па лесно бил пронајден во вторникот вечерта. Бил сокриен во гаража во градот Гревенброх, недалеку од Дизелдорф.