Епска финална битка: Со спектакуларен пресврт Надал ја освои рекордната 21. грен-слем титула и испиша нова истоија

Рафаел Надал го освои 21 грен слем во кариерата, откако во финалето на Австралија Опен со спектакуларен спресврт славеше над Данил Медведев (3:2).

Првиот сет започна со одлична борба, но Медведев брзо направи брејк и лесно го освои сетот со 6:2. Во вториот сет гледавме голема борба со по два брејка на двете страни, па на крајот Русинот беше подобар во тајм брејк за високи 2:0 во сетови.

Во тој момент се чинеше дека Надал не може да се врати во мечот, третиот сет беше рамноправен, но на крај Шпанецот успеа да го добие со 3:1.

Во тој момент падна играта на Медведев, уморот беше очигледен, па Надал без поголеми проблеми го освои четвртиот сет (6:4), а потоа и го комплетираше спектакуларниот пресврт за 21 грен слем титула во кариерата.