Ем не сакаат многу туристи, ем не можат без нив


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Како последица од пандемијата на Ковид-19, жителите на Венеција веќе немаат работа бидејќи туристите не го посетуваат нивниот град. Тие сакаат да се вратат туристите, но истовремено се плашат од нова туристичка наезда, пишува Дојче веле.

Маурицио Кралото вози гондола долж познатите канали во градот. Како што вели, жените отсекогаш биле негова омилена забава, иако додава дека „можеби не треба да го зборува тоа во денешно време“.

Маурицио е еден од 600 гондолиери во Венеција и имал просечно три возења на ден. Но, пандемијата го запрела сето тоа.

„Од октомври имав само едно возење“, вели несреќно.

Иако градот сега полека се буди од карантинот, сè уште нема туристи. Улиците сè уште се напуштени, а некои Венецијанци се надеваат дека градот никогаш повеќе нема да биде преплавен со туристи до тој степен како што беше пред пандемијата.

Давид Босаро од граѓанската иницијатива Venessia.com го следи намалувањето на населението во градот.

– Во моментов во Венеција (се мисли на стариот дел на градот) живеат 50.965 луѓе. Тоа се 30 лица помалку отколку пред една недела, вели Босаро, објаснувајќи дека луѓето го напуштаат градот поради недостатокот на туристи.

– Недостатокот на туристи за многу луѓе значи дека нема работа и ние го доживуваме тоа токму сега. Но, знаете, тоа е исто така малку чудна ситуација. Не сакаме премногу туризам затоа што тоа го гуши нашиот град, а во исто време не можеме да живееме без туризам – смета Босаро.

Градскиот комесар за туризам Симоне Вентурини вели дека „ Венеција не е единствен случај, но дека на Венеција и треба единствено решение“.

– Би било неопходно да се воведат одредени закони за градовите како Венеција и Фиренца со цел да се обезбеди одредена рамнотежа меѓу туристите и локалното население, вели Вентурини.

Градот започна да го брои бројот на туристи како прв чекор кон посакуваната рамнотежа, а за влез во градот ќе им се наплатува од следната година.