Home Спорт „Ел Команданте“ е број еден: Раул Гонзалез најдобар тренер во Европа!

„Ел Команданте“ е број еден: Раул Гонзалез најдобар тренер во Европа!

Тренерот на Вардар и селекторот на македонската репрезентација, Раул Гонзалез, официјално и сосема заслужено е прогласен за најдобар тренер во светот за минатата година.

Вардар зад себе ја има најуспешната сезона во својата историја, стана европски шампион, а секако најголеми заслуги за таквиот успех има тренерот Раул Гонзалез.

Поради тоа денес Раул беше избран за најдобар тренер во светот за 2017 годна. Признанието го доделува специјализираниот портал за ракомет „Хендбол Планет“, а во гласањето учествуваа 30 новинари и голем број ракометни фанови ширум Европа и светот, кои „Ел Команданте“ и повеќе од заслужено го прогласија за најдобар во светот.

Со оваа награда Гонзалез му се придружи на својот чувар на мрежата, Арпад Штербик, кој пред два дена беше прогласен за најдобар ракометар за 2017 година.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Прва светска титула во кошарка за Германија

Германската кошаркарска репрезентација на сензационален начин стигна до својата прва титул…