Home Спорт „Ел Класико“ битка за ѕвездата на Јунајтед!

„Ел Класико“ битка за ѕвездата на Јунајтед!

Скапо платениот француски репрезентативец, Антони Марсијал не е задоволен од својот статус кој го има кај Жозе Мурињо и се почести се шпекулациите дека ќе го напушти Манчестер Јунајтед.

Англиските медиуми пренесуваат дека Марсијал сака да ја промени средината, но не е заинтересиран да остане во Англија.

Интерес за него покажуваат двата најголеми шпански клуба, Барселона и Реал Мадрид кои сакаат да го доведат во своите редови.

Марсијал пристигна како голем талент на „Олд Трафорд“ и несомнено е огромен потенцијал, но кај Мурињо добива мала минутажа.

Шпанските медиуми тврдат дека Реал Мадрид е спремен да му понуди трампа на Јунајтед, така што Хамес Родригез ќе заврши на „Олд Трафорд“, а Марсијал на „Сантиаго Бернабеу“.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Спорт
Comments are closed.

Check Also

Прва светска титула во кошарка за Германија

Германската кошаркарска репрезентација на сензационален начин стигна до својата прва титул…