Home Актуелно Експресна прва пресуда за Асанж по неговото сензационално апсење

Експресна прва пресуда за Асанж по неговото сензационално апсење

На Џулијан Асанж му се закануваат 12 месеци затвор, откако веднаш после апсењето во еквадорската амбасада во Лондон, од судот беше прогласен за виновен за избегнување на плаќање на кауција.

Основачот на Викиликс, веднаш по апсењето, вчера вечер беше изведен пред британскиот суд, откако во сензационалистичко апсење беше приведен од амбасадата на Еквадор во Лондон, каде што имаше политичко засолниште во изминатите седум години.

Судијата ја нарече одбраната на Асанж “смешна” и неговото однесување на “нарцис кој не може да ги надмине сопствените себични интереси”, откако се изјасни дека не е виновен за прекршување на условите за кауција, тврдејќи дека тој го сторил тоа бидејќи никогаш не можел да очекува фер судење во Велика Британија.

Асанж покрај тоа што е обвинет за силување во Шведска, се гони и за пробивање на лозинката на класифициран владин компјутер на САД во 2010 година. Неговиот хакерски упад го овозможи најголемиот проток на доверливи информации во историјата на САД.

Одделот за правда во САД потврди дека е обвинет за компјутерски криминал, кој, ако биде прогласен за виновен, може да резултира со петгодишен затворски рок.

Еквадорскиот претседател Ленин Морено вчера драматично го повлече неговиот статус на азилант, обвинувајќи го за неговото „нескротливо и агресивно однесување”, и продолжување да работи со Викиликс додека бил сместен во амбасадата.

Претседателот на САД, Донад Трамп, кој изјави дека го сака Викиликс за време на неговата кампања во 2016 година, кога веб-страницата објави компромитирачки пораки во врска со Хилари Клинтон, сега изјави дека „не знае ништо за него”.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Имаше многу жени, а само две ги бакна јавно: Чола во љубовта се држеше до едно правило

Познат како заводник, но која е вистината – кого го сакал Здравко Чолиќ? Здравко Чолиќ со …