Експертот за криптовалути во Фејсбук ја напушта компанијата


Како е да се биде професионален Counter-Strike играч! ↓↓↓


Директорот на финансиско-технолошкиот сектор на Мета (новото име на компанијата Фејсбук, да не заборавиме), Дејвид Маркус, соопшти дека кон крајот на годината ќе ја напушти компанијата и ќе почне да работи на нов проект.

Маркус во Фејсбук е задолжен за развивање на криптовалутататa позната како дием и апликацијата за дигитален паричник Њу (New).

Извршниот директор Марк Цукерберг му се заблагодари на Маркус за неговиот придонес во развојот на дием и другите големи развојни проекти на компанијата.

– Не би имале толку голем продор со дием без Вашето водство и благодарен сум што ја направивте Мета место каде што правиме големи инвестиции, истакна Цукерберк.

Маркус во 2014 година дојде во Фејсбук од ПејПал (PayPal), а раководеше и со Фејсбук месинџер (Facebook messanger).