Home Спорт Експертите удрија есап за колку ќе падне вредноста на Барселона по заминувањето на Меси

Експертите удрија есап за колку ќе падне вредноста на Барселона по заминувањето на Меси

Во Градот на светлината владее вистинска еуфорија додека парижаните со нетрпение го чекаат Меси, еден од најголемите во историјата, а за тоа време Барселона се обидува да се навикне, но и се пресметуваат загубите.

Според финансиските експерти во Шпанија вредноста на Барселона без Меси ќе падне за 137 милиони евра или 11%, од 1,266 милијарди колку што вредеше.

Клубот ќе биде во минус со 77 милиони евра со загуба од рекламите, а за 43 милиони евра ќе се намали продажбата на дресовите.

Трета точка е губењето на 17 милиони евра на секој натпревар кој Барса ќе ги губи по разни основи, па така се доаѓа до споменатите 137 милиони евра.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Прва светска титула во кошарка за Германија

Германската кошаркарска репрезентација на сензационален начин стигна до својата прва титул…