Home Актуелно Жежок вторник

Жежок вторник

Денешниот 10-ти августовски ден, вторник, во Македонија носи сончево и многу топло. Ќе дува умерен, на места повремено засилен ветер од северозападен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 13 до 23, а максималната ќе достигне од 32 до 42 Целзиусови степени. УВ индексот ќе биде 9.

Дневните температури ќе бидат над просекот за овој период од годината, поради што ќе биде активирана жолта, а во југоисточниот дел од земјата портокалова фаза за опасност од високи температури

Во Скопје, сончево и многу топло со мала облачност и со слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 19, а максималната ќе достигне 39 степени. Маврово 32, Охрид 35, Битола 38, Крива Паланка 37, Берово 35, Кавадарци 41, Дојран 42.

Во среда во попладневните часови ќе има изолирана појава на краткотраен пороен дожд и грмежи, а од четврток опаѓање на дневната температура за 3 до 5 степени

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Онлајн игри кои ќе сакате да ги играте повторно

Во последните десет години, играњето онлајн игри прерасна од обична забава во културен фен…