Египет го заплени Евергивен – бара обесштетување од над 900 милиони долари


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Властите во Египет го запленија огромниот товарен брод Евер гивен, кој во март цела недела го блокираше поморскиот сообраќај во Суецкиот канал, со што беше сопрена стока вредна неколку милијарди долари.

Египетски суд го потврди запленувањето на бродот Евер гивен кој неодамна го блокираше Суецкиот канал и ја отфрли жалбата на сопственикот на бродот.

Шефот на Управата на Суецкиот канал на државната телевизија кажа дека се водат преговори за надомест на штетата која ја предизвика бродот Евер гивен кој заглави во каналот и го блокираше сообраќајот на клучниот морски пат. Египет тврди дека нема негова грешка во инцидентот и целата одговорност ја префрла на бродот.

„Преговорите продолжуваат, има уште многу неусогласени точки со компанијата и осигурувањето, почнувајќи од износот“, кажа адмиралот Осама Раби.

Извор од управата на Суецкиот канал за Франс прес кажал дека се водат преговори со јапонската компанија Шоеи кисен, сопственичката на бродот, и осигурителните компании.

Долг колку четири фудбалски игралишта, товарниот брод кој пренесува стока меѓу Азија и Европа се насука во март во тесниот вештачки канал кој ја дели континентална Африка од Синајскиот Полуостров.

Бродот го сопре движењето низ Суецкиот канал каде минува повеќе од 10 отсто од меѓународната поморска трговија. Повеќе од 300 бродови една недела чекаа на двата краја на каналот кој ги поврзува Црвеното Море и Средоземното Море.