Едноставно ја бива: Меланија Трамп знае да прави пари од сè


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Според финансискиот извештај кој неодамна го објави претседателот на САД, Доналд Трамп, неговата сопруга и прва дама на САД, Меланија Трамп, во 2017 година заработила најмалку 100.000 долари од агенцијата „Getty Images“ за употреба на 187 фотографии од семејството на Трамп направени помеѓу 2010-2016 година.

Откако нејзиниот сопруг стана претседател на САД, Меланија Трамп заработила неколку стотина илјади долари од договорот со агенцијата за фотографии „Getty Images“ според кој водечките медиуми индиректно го платиле семејството Трамп, објави Ен-Би-Си.

Не е чудно познатите личности да заработуваат од своите фотографии, но вистина е дека сопругата на актуелниот претседател заработува на овој начин, а поголем проблем за многу медиуми е тоа што фотографиите мора да бидат објавени во позитивен контекст, пишува оваа американска мрежа.

Според соопштението за приходите на претседателот, заработката на Меланија Трамп за 2017 година е внесена во ставка каде што нејзината заработката варира од 100.000 до милион долари.