Една жртва, тројца исчезнати и 25 повредени во експлозијата во воената фабрика во Крагуевац!


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Според последните информации, синоќа во експлозијата којашто одекнала во текот на гаснењето на пожарот во воениот Техничко-ремонтен завод во Крагуевац, едно лице го загубило животот, три лица се водат како исчезнати, додека повредени се 25 припадници на Војската на Србија и Министерството за внатрешни работи, соопшти Министерството за одбрана.

Сите повредени се згрижени во Клиничкиот центар во Крагуевац и се надвор од животна опасност, се истакнува во соопштението на министерството за добрана, коешто го пренесуваат српските електронски медиуми.

Како што претходно беше соопштено од страна на министерот за одбрана, Зоран Ѓорѓевиќ, и тоа на прес-конференција во Белград којашто била посветена токму на воената индустрија, првата експлозија одекнала околу 13 часот и 30 минути.

Според податоците со коишто тогаш располагаше во оваа експлозија немало повредени. Меѓутоа, малку по 15 часот се случила уште една експлозија и од пожарот поради кој се урнал еден од погоните на воениот завод поради високата температура при гаснењето на огнот, и во која имало дваесетина повредени.

Експлозијата се случила во магацинот А 28, каде имало погон за ремонт на муницијата, и каде што имало големо количество тромблонски мини и друг вид муниција.