Единка од балканскиот рис фотографирана во Национален парк „Галичица“


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Со помош на фотозамките поставени во Националниот парк „Галичица“, биле направени неколку фотографии од балканскиот рис. Првото евидентирање на овa животно во паркот после неколку децении беше во втората половина од 2020-та година, а потоа уште неколкупати.

Сега, направена е уште поубава фотографија од балканскиот рис.

Одговорните од „Националниот парк“ Галичица велат дека фотографијата е направена во научни цели и дека е неверојатно што испаднала речиси совршена фотка од млада единка од балкански рис.

Фотографијата прво е споделена на Фејсбук страната Balkan lynx, посветена на балканските рисови.