Home Спорт Еден од најмоќните фудбалски менаџери, роден во Македонија, обвинет за перење пари

Еден од најмоќните фудбалски менаџери, роден во Македонија, обвинет за перење пари

Кога станува збор за фудбалските менаџери во светот на современиот, модерен фудбал, меѓу најмоќните од оваа бранша се издвојуваат Жорге Мендеш, Мино Раиола и Фали Рамадани.

Фали Рамадани е еден од најмоќните фудбалски менаџери во светот. Тој е роден во Македонија и е сопственик на „Lian Sports“ и застапува голем број на балкански ѕвезди меѓу кои Миралем Пјаниќ, Лука Јовиќ и други.

Според извештаите од шпанските медиуми, Рамадани е обвинет за перење пари на Мајорка. Во вторникот полицијата направила рација во неговата резиденција и одземена е документација која е потребна за истрагата.

Познатиот агент кој ретко се експонира во јавноста се терети за перење пари, па во наредните денови ќе мора да се појави на суд во Мадрид.

Шпанските медиуми пренесуваат дека на Рамадани може да му биде „замрзнат“ целиот имот, а во целиот скандал се замешани уште двајца менаџери чие име не е откриено.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Спорт
Comments are closed.

Check Also

Торбата е убава, но патиките на Милица Павловиќ се моден императив за сезоната – совршени и за преку ден и за навечер

Патиките на Милица Павловиќ се полн погодок Фото: Иван Вучиќевиќ Популарната пејачка Милиц…