Home Актуелно Двоглав орел и пари подметнати на претседателскиот печат од Трамп

Двоглав орел и пари подметнати на претседателскиот печат од Трамп

Поради поставување на двоглав, наместо едноглав белоглав орел на печатот од претседателот на САД, Доналд Трамп, член на конзервативна американска група доби отказ од својата партиска функција и членство. Инцидентот се случил на студентски самит на кој преку проектор била емитувана изменетата верзија на претседателскиот печат.

На претседателскиот печат, наместо едноглав, стоел двоглав орел, сличен на оној на руското знаме.

Би-би-си истакнува дека двоглав орел се наоѓа и на знамињата на Србија, Албанија и Црна Гора, но проценува дека наведената верзија на печатот најверојатно се однесува на Русија, имајќи во предвид дека мандатот на Трамп го одбележаа односите со Москва и претседателот на таа земја, Владимир Путин.

Ова, сепак, не е единствената разлика од оригиналната американска верзија – наместо орелот да држи 13 стрели, што ги претставува 13-те првични држави, во неговите канџи се наоѓаат палки за голф што изгледа како ода на љубовта на претседателот за тој спорт.

Исто така, наместо маслинова гранка, во десната канџа орелот држи купче пари, наведе Би-би-си.

Претставник на групата Turning Point USA за Вашингтон пост изјави дека се работи за грешка до која дошло поради забрзано пребарување на интернет.

Инцидентот се случил кога американскиот претседател се качил на сцената на самитот, откако било емитувано 12-минутно видео за патот на Трамп до Белата куќа.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Актуелно
Comments are closed.

Check Also

7 знаци дека станувате посреќни со годините (иако животот сè уште знае да биде хаотичен)

7 Знаци дека станувате посреќни со годините (и покрај хаосот којшто животот сè уште знае д…