Home Спорт Две години затвор за Нејмар, пет за Сандро Росел!

Две години затвор за Нејмар, пет за Сандро Росел!

Шпанскиот јавен обвинител побара затворска казна од две години за Нејмар поради корупција при неговиот трансфер од Сантос во Барселона.

Поради проневера на финансиски средства и неплатен данок при трансферот на фудбалерот од Сантос во Барселона, јавниот обвинител побара затворска казна од две години за Нејмар и 5 години за поранешниот претседател Сандро Росел.

Исто така, фудбалскиот клуб Барселона би можел да плати парична казна од 195 милиони евра, поради тоа што го оштетиле буџетот на државата Шпанија.

Сепак, и да ја добие највисоката казна, Нејмар нема да отиде зад решетки бидејќи според шпанскиот закон, ако добие затворска казна од две или помалку години а претходно не бил осудуван, има право на финансиско нагодување со судот.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Спорт
Comments are closed.

Check Also

Прва светска титула во кошарка за Германија

Германската кошаркарска репрезентација на сензационален начин стигна до својата прва титул…