Home Вебкафе Дронски слики од стравичниот пожар на покривот од париската црква Нотр Дам

Дронски слики од стравичниот пожар на покривот од париската црква Нотр Дам

Фотографии од стравичниот пожар кој го зафати покривот од познатата париска црква Нотр Дам, направени со полициски дрон, ја покажуваат жестината и степенот на масивноста на огнените јазици кои беснееја врз овој популарен културно-историски објект.

Фотографиите покажуваат дека пламенот ја има зафатено речиси целата структура, додека покривот е скоро целиот изгорен, а ништо не останало и од познатата централна „стрела“. Противпожарните служби, пак, даваат пооптимистички изјави дека двете кули се спасени од пожарот.

Пожарот започна во понеделникот, на градежните скелиња кои беа подигнати заради реставрација на неколку века старата црква, која со години беше во очајна состојба. Причината за пожарот засега е уште непозната, но француските надлежни органи веќе започнаа, како што известуваат, криминална истрага.

Load More Related Articles
Load More In Вебкафе
Comments are closed.

Check Also

„ФАНТОМСКА“ МАГИЈА НА СЦЕНА: ШТО ОТКРИВМЕ ЗА „ФАНТОМОТ ОД ОПЕРАТА“ ПРЕД ЕКСКЛУЗИВНАТА ПРЕМИЕРА ВО САВА ЦЕНТАР?

11/02/2025 Најпопуларниот светски мјузикл Фантомот од Операта пристигнува во Белград на св…