Home Актуелно Градоначалничката на Париз- Ова е страшен пожар

Градоначалничката на Париз- Ова е страшен пожар

Градоначалничката на Париз, Ана Идалго, го опиша како „страшен оган“ пожарот во катедралата Нотр Дам и ги повика луѓето кои се во близина да ги почитуваат ограничувањата за приближување кои ги пставија противпожарните екипи со цел да бидат безбедни, јавува ТВ Телма.

Причината не е позната но, можно е пожарот да е поврзан со реновирањето на катедралата, кое е во тек.

На сликите на социјалните мрежи се гледа чад во воздухот над објектот стар 850 години изграден во готски стил. Минатата година, Католичката црква во Франција бараше итна реконструкција за спасување на катедралата, која почна да се урива.
Во тек е голема операција за гаснење на пожарот, кој избувна попладнено, а областа околу катедралата во центарот на Париз е обезбедена, велат официјални лица.

Поврзано: ВОНРЕДНА ВЕСТ – СЛЕДЕТЕ ВО ЖИВО: Гори париската црква Нотр Дам, падна врвот!

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Актуелно
Comments are closed.

Check Also

Онлајн игри кои ќе сакате да ги играте повторно

Во последните десет години, играњето онлајн игри прерасна од обична забава во културен фен…