„Дрифта“ БМВ со 230 км/час со хендикеп на двете раце


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Бартош Осталволски е полски возач кој, и покрај сериозниот хендикеп кој го има на двете раце, ги живее своите соништа и ужива во возењето и дрифтањето. Сега отиде чекор понатаму.

Осталовски годинава влезе во Гинисовата книга на рекорди како личност која успеа успешно да дрифта само со нозете. А во исто време возеше со неверојатна брзина од 231,66 km/h.

Возејќи БМВ М3, маневарот на странично лизгање го започнал со 276,8 км/ч, а мерниот дел од 50 метри го поминал со брзина од 231 км/ч. Притоа, со десната нога ги контролирал стапалата, додека со левата нога управувал со воланот. Возел минимално модифицирано БМВ М3. Имено, модифициран бил само автоматскиот менувач со вградување на специјални лостови. Рекордот е соборен на аеродромот Пола во Полска на крајот на септември оваа година.

Полскиот тркачки возач настрадал пред десет години во тешка сообраќајна несреќа со мотор во која ги загубил двете раце. Тоа не го спречило да продолжи да вози, а техниката на возење без раце ја усовршил толку многу што се натпреварува и денес.

Како еден од најдобрите полски дрифтери, тој учествува во Raceway Cross и вози модифициран BMW M3. Го придвижува 7.0 V8 мотор со околу 1.000 КС и 1.288 Nm преку осумстепен менувач ZF што Осталовски го управува со рамо.