Home Спорт Гана подобра од Јужна Кореја со 3:2 во уште еден драматичен натпревар на Светското првенство

Гана подобра од Јужна Кореја со 3:2 во уште еден драматичен натпревар на Светското првенство

Репрезентациите на Гана и Јужна Кореја одиграа фантастичен натпревар со пет гола, кој на крајот и припадна на африканската селекција.

И покрај фактот што Корејците подобро го отворија мечот во првите дваесетина минути, сепак Гана стигна до голема предност до полувремето.

Мохамед Салису во 25-та погоди за водство, а Мохамад Кудус десет минути потоа го зголеми водството на 2:0.

Меѓутоа Корејците не се предадоа, па тргнаа фуриозно во вториот дел и само за две минути дојдоа до израмнување. Чо Сунг постигна два брзи гола во 58-та и 61-та минута и ја врати Кореа во натпреварот.

Меѓутоа, десет минути подоцна напаѓачот на Ајакс, Кудус повторно ја доведе Гана во водство.

До крајот Корејците се обидуваа да дојдат до израмнување и создадоа неколку големи шанси, но не успеаја да постигнат гол.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Спорт
Comments are closed.

Check Also

Прва светска титула во кошарка за Германија

Германската кошаркарска репрезентација на сензационален начин стигна до својата прва титул…