Вторничка временска прогноза


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


И денеска во Македонија времето ќе биде студено, преку денот променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од минус пет до два степени, а максималната ќе достигне од четири до 10 Целзиусови степени.

Во Скопје променливо облачно со слаб северен ветер. Минималната температура ќе се спушти до минус три, а максималната ќе достигне до седум степени. Маврово 3, Охриод 7, Битола, Крива Паланка и Берово 5, Кавадарци 8, Дојран 10.
Нов влажен бран со повремени врнежи од дожд, а на планините од снег, се очекува во среда и во четврток. Локално врнежите ќе имаат пообилен карактер.