Германскиот претседател Штајнмајер денеска доаѓа во официјална посета на Македонија


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Германскиот претседател Франк-Валтер Штајнмајер денеска доаѓа во дводневна официјална посета на Република Македонија.

Посетата на Штајнмајер, како што се наведува на официјалната веб страница на германскиот претседател, треба да се фокусира на ситуацијата во регионот, влијанието на руската агресивна војна во Украина и тековната поддршка на Германија за перспективите на земјата за пристапување во ЕУ.

Ова е прва посета на федералниот претседател Штајнмаер на Македонија.

Во Скопје, како што е најавено, се планирани политички разговори со претседателот Стево Пендаровски и премиерот Димитар Ковачевски, а Штајнмајер треба да се обрати и во Парламентот, да се сретне со млади луѓе во Претседателскиот центар за политичко образование, да разговара со филмската екипа на филмот „Медена земја“ и да го посети првиот ветерен парк во земјата во Богданци.

Германскиот претседател напладне ќе има средба со претседателот Стево Пендаровски, по што во 13 и 15 часот ќе имаат заедничка конференција за медиумите. Во 14 часот ќе се обрати во Собранието, а во 16 и 15 часот ќе се сретне со премиерот Димитар Ковачевски во Влада.

Утре Штајнмаер во Чифте амам ќе се сретне со филмската екипа на филмот „Медена земја“. Во попладневните часови ќе ги посети ветерниот парк во Богданци, а потоа германската компанија Дрекселмајер во Кавадарци.

Штајнмаер, потоа заминува во посета на соседна Албанија.

Приватните автобуси денеска и утре нема да ја блокираат крстосницата кај Мавровка поради посетата на германскиот претседател.