Драстична казна: 12 натпревари суспензија за Роналдо?


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Првата ѕвезда на Реал Мадрид, Кристиано Роналдо се соочува со драстична казна од страна на Шпанската лига, бидејќи по добиениот црвен картон, во синоќешниот натпревар во Суперкупот против Барселона, го турна главниот судија.

Роналдо за неполни две минути доби два жолти картони што значи дека нема да игра во реваншот против Барселона, во среда на „Сантиаго Бернабеу“.

Но она што е поголем проблем за клубот и за него е суспензијата со која се соочува.

Португалецот постигна гол во 80-та минута, славејќи го соблече дресот, поради што доби жолт картон. Две минути подоцна тој се обиде да изнуди пенал, а судијата Рикардо Бургос де Бенгоечеа, поради симилурање му покажа уште еден жолт картон и го испрати во соблекувалната.

Кога го доби вториот жолт картон тој го оттурна судијата,за што според правилникот на Шпанската федерација, максимална казна е 12 натпревари.

Според членот 96 казната за „поблаго насилство над судијата“ се санкционира со казна од четири до 12 натпревари суспензија. Судијата во записникот вака го окарактеризирал испадот на Роналдо.