Допирање на дното: Од седми најбогат во светот, до 30 години затворска робија


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Пред извесно време, не така одамна, Еике Батиста, познат бразилски нафтен и рударски могул, беше седми човек по богатство на светот. Но, според онаа мудрата дека времето е тркало кое го врти и животот, минатиот вторник таквиот кружен потресен пресврт во животот на Батиста финишираше со за него 30 години затвор на кои беше осуден поради корпуција.

Богатството на Батиста пред шест години било проценето на повеќе од 35 милијарди долари, но во меѓувреме речиси целосно исчезнало.

Проблемите со законот почнале поради поткупување на поранешниот гувернер на Рио де Жанеиро, Сергио Карбала, на чии странски сметки уплатил повеќе од 21 милион долари. За возврат, компаниите на Батиста добиле многу профитабилни договори со државата.

Оваа пресуда е последниот печат за кариерата на овој човек, кој некогаш беше симбол за економски подем на Бразил. Своето царство, кое се протегало од бизнис со нафта до градежништво, Батиста го стекнал сам, а откако се збогатил, не се двоумел да го покаже.

Тој бил познат по неговата љубов кон скапите автомобили, а неговиот раскошен животен стил служел како инспирација за цела низа млади бразилски претприемачи. Тој напишал и книга за својот успех, а на „Твитер“ имал над милион следбеници. Но сето тоа за брзо време се распаднало како кула од карти – многу од инфраструктурните проекти на неговите компании биле лошо испланирани и никогаш реализирани.

Најголем проблем сепак бил фактот што неговата империја била изградена врз основа на тесните врски со луѓето на врвот на владата, односно со помош на корупција. Откако започнала истрагата, тој изгубил речиси сѐ. Особено му бил болен моментот кога властите му ги заплениле седумте луксузни автомобили, вклучувајќи го и омилениот – „Ламборгини Авентадор“.

Денес, откако неговото богатство го нема, а компаниите и бизнис-проектите главно се распаднале, Батиста стана симбол на еден друг Бразил. Оној полн со корупција и економски проблеми што со години биле скриени под тепих.