Филм / ТВ

Disney за прв пат воведува „геј“ моменти во своето ново дело

Disney се осмелија да одат чекор напред, кога се работи за хомосексуалците. Имено, во новиот „Beauty and the Beast“ се прикажува геј момент.

Ова го објаснил режисерот Бил Кондон, кој открил дека слугата на Гастон, Лефу, кој го игра Џош Гад ќе има геј момент.

„Лефу е некој кој еден ден сака да биде Гастон, а друг ден сака да го бакне Гастон. Збунет е во она што го сака, а набрзо и ќе сфати дека ги има тие чувства“, објаснил Бил.

Оваа куќа за прв пат претставува сцена од овој вид на љубовници, а со тоа и прикажува дека хомосексуалноста е сосема нормална појава. На многумина можеби ќе им биде тешко да го прифатат овој факт, а некои сметаат дека дури и самиот филм се изложува на ризик од забрани.

Advertisements
To Top