Стопанска банка Скопје со нов рекорд во профитот


Викенд најава - Најинтересно во Серија А! ↓↓↓



Нето добивката по акција е 128 денари, ова е рекордна годишна добивка на таа банка во историјата на тргување на таа акција на берзата. Денеска пазарот реагираше така што иамше најголем промет на тргување во период од два и пол месеци што укажува на расположението на инвеститорите

Стопанска банка Скопје денеска објави нова највисока досега годишна добивка. Од работењето во 2016 година профитот на оваа голема банка е 36,3 милиони евра односно 2,24 милијарди денари на нето основа. Ова е најголема остварена добивка на таа банка во историјата на постоење на Македонската берза.
Во споредба со добивката што беше остварена во 2015 година, која за себе беше рекордна со споредба со претходните, оваа банка оствари зголеме профит во износ од 322,9 милиони денари односно над 5 милиони евра. Нето добивката по акција изнесува 128 денари.

Што покажуваат билансите?

Стопанска банка Скопје продолжува да ги зголемува своите приходи од камати и да ги намалува своите расходи за камати. Паралелно со тоа банката одржува значајно високо ниво на приливи на нето основа и од провизии и надоместоци. На нето основа приходите од камати на банката се зголемени за 267 милиони денари до износ од 3,64 милијарди денари. Вкупните приходи од камати во 2016 година се 4,53 милијарди денари и се најголеми во споредба со сите други големи банки. Кај расходите од камати состојбата е следна: тие се за 241 милиони денари пониски од 2015 година и изнесуваат 889 милиони денари. Во 2015 година изнесувале 1,13 милијарди денари, а во 2016 година менаџментот на банката ги скратил за 21,4 отсто!!! Феноменален резултат што покажува дека кратењето на расходи за камати и понатаму е значаен генератор на приходи и уште поважно дека е значаен показател на тоа дека банките пливаат во пари штом можат да си дозволат во толкава мерка да ги кратат каматите на депозитите.

На страната на расходите најзначајно да се истакне е тоа што резервациите на банката се на ниво од 491 милиони денари и се за 19 милиони денари пониски од лани. Значајно е да се потенцира дека загубата заради оштетување на нефинансиски средства лани е за 100 отсто зголемена во однос на 2015 година. Имено лани износот е 154 милиони денари, а во 2015 година бил 77 милиони денари.

Кај билансот на состојба јасно се гледа дека банката силно форсира зголемено кредитирање и тоа достигнало 58,65 милијарди денари и во споредба со 2015 година е зголемено за 50 милиони евра односно за 3,1 милијарди денари. Депозитите пак лани достигнале ниво од 68,29 милијарди денари и во однос на 2015 година пораснале за 1,2 милијарди денари.