Диего Коста нема да игра против Македонија

Напаѓачот на Челзи, Диего Коста, поради пореда на препоните, ќе го пропушти натпреварот од квалификациите за пласман на Мундијалот во 2018 година против репрезентацијата на Македонија.

Коста повреден пристигнал на подготовките на шпанската репрезентација, а како што пренесува „Ел Конфедесијал“, селекторот Хулен Лопетеги, ќе му дозволи на Коста да се врати во Лондон за да започне со рехабилитација.

Диего Коста се повредил во саботата на натпреварот Челзи-Евертон, на кој постигна еден од петте гола на „сините“.

Шпанија в сабота ќе ја пречека Македонија во Гранaда, а три дена подоцна ќе одигра пријателски натпревар против Англија во Лондон.