Славни

Џордан разочаран и револтиран: Доста беше од расизам!

Еден од најдобрите кошаркари на сите времиња во светски рамки, НБА легендата Мајкл Џордан, повика на единство по убиството на Афроамериканецот Џорџ Флојд од страна на полициски службеник во Минеаполис и немирите што следуваа со пораката дека расизмот е неприфатлив.

„Јас сум длабоко тажен, искрено во болка и многу лут. Гледам и чувствувам сечија болка, гнев и фрустрација. Стојам со оние кои се спротивставуваат на расизмот и насилството врз луѓето со различна боја во нашата кожа. Доста беше“, рече Јордан во писмената изјава.

Џордан додаде дека во овој момент, секој мора да покаже сочувство и да продолжи мирно да го изразува своето незадоволство од неправдата.

„Нашиот обединет глас мора да изврши притисок врз властите да создадат системски промени. Секој од нас мора да биде дел од решението и ние мора да работиме заедно за да обезбедиме правда за сите“, апелираше легендарниот кошаркар.

Џордан освои шест титули во НБА, а во моментов е сопственик на клубот Шарлот.

Advertisements
To Top