Деветтото продолжение на „Fast and Furious“ заработи 70 милиони долари во премиерниот викенд


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Само во првиот викенд од прикажувањето „Fast and Furious 9“ во американските кина заработи 70 милиони долари. Ова е најголемото достигнување во САД, по „Војна на ѕвездите: Подемот на Скајвокер“ во 2019 година.

Филмот во кој глумат Вин Дизел, Шарлиз Терон, Хелен Мирен и Џон Сена е најуспешен и во светската филмска индустрија, за последниве 18 месеци, заработувајќи над 404 милиони долари ширум светот. Само во Сингапур, филмот заработи 1,28 милиони долари за четиридневните досегашни проекции, иако во киносалите има ограничување од 50 отсто за седиштата.

Деветтиот дел од една од најуспешните филмски приказни беше одложуван неколкупати. Но, и покрај долгото чекање, и овој најнов филм, со многу акција, брзи автомобили и улични трки, успеа да ги врати обожавателите во киносалите.