Home Наука и техонологија „Денови“ од Кочо Рацин во изведба на Маријана и Росана – вака звучи тоа

„Денови“ од Кочо Рацин во изведба на Маријана и Росана – вака звучи тоа

Вокална интерпретација на поетската творба „Денови“ од Кочо Рацин во изведба на познатиот пејачки тандем Маријана и Росана. Аранжамнот е на Миодраг Божиновски.

Како на вратот ѓердани
ниски камења студени,
така на плешки денови
легнале та натежнале.
Денови ли се –
денови аргатски маки големи!
Стани си утре порано
дојди си вечер подоцна,
наутро радост понеси
навечер тага донеси –
ај, пусти да е, пуст да би
останал живот кучешки!

Роди се човек – роб биди
роди се човек – скот умри,
скотски цел живот работи
за други, туѓи имоти.
За туѓи бели дворови
копај си црни гробови!
За себе само р’гај си
за себе маки тргај си –
нижи си ѓердан денови
нижи си алки ковани,
нижи си синџир железен
околу вратот навезен.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Имаше многу жени, а само две ги бакна јавно: Чола во љубовта се држеше до едно правило

Познат како заводник, но која е вистината – кого го сакал Здравко Чолиќ? Здравко Чолиќ со …