Еве кои се најбогатите жени во САД и од што заработуваат милиони


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Иако има голем број познати личности кои изградиле успешни и препознатливи бизнис империи, некои од нив посебно се истакнуваат со својата заработка.

Индустријата за шминки и нега на кожата и помогна во промоцијата на 10 од 80 жени на престижната листа со најбогати жени во САД која ја дефинира Forbes и им обезбеди статус на милионерки и милијардерки.

Анастасија Соаре

Така, на пример, најбогатата бизнисменка во царството на козметиката, според Forbes, не е Кајли Џенер, туку Романката Анастасија Соаре.

Кајли Џенер

Соаре се пресели во Лос Анџелес во 1989 година, а во 2000 година ја започна сопствената линија производи за веѓи. Forbes сега нејзиниот комзметички бренд го проценува на вредност од 1,2 милијарди долари, со што Соаре е нешто малку во предност пред Кајли и нејзината Kylie Jenner’s Cosmetics, KKW на Ким Кардашијан Вест и Fenty Beauty од Ријана.

Ријана

Худа Катан, исто така, е на листата. Таа ја напушти својата позиција во финансискиот сектор за да стане „мејк-ап“ уметница. Останатите милионерки кои можат да се пофалат со милионско богатство благодарение на шминката се Тони Ко и Џејми Керн Лима, чии козметички линии ги купи L’Oreal.

Серена Вилијамс

Тенисерската суперѕвезда Серена Вилијамс е единствената спортистка која сама од себе направи милионерка.

Во категоријата ТВ и музички ѕвезди на врвот од листата се Опра Винфри и Елен Дегенерис. Од светот на музиката најбогати се Мадона, Тејлор Свифт, Барбара Стрејсенд и Селин Дион, како и Бијонсе, чие богатство Forbes го проценува на 400 милиони долари.