Home Актуелно Денес во 17:54 часот пристигнува летото

Денес во 17:54 часот пристигнува летото

Денеска, петок, 21 јуни, во 17 часот и 54 минути, на северната хемисфера од планетата Земја пристигнува календарското лето. Во исто време за жителите на јужната хемисфера на Земјата ќе почне зимата.

Летото ќе трае 95 денови, а ќе заврши на 23 септември 2019 година, кога во 9.50 часот по средноевропско време ќе почне есента.

Денеска е 172-от ден од годината, а до крајот на годината остануваат уште 194 денови.

Времето во земјава на првиот летен ден ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност. Во крајните западни и источни делови ќе има услови за изолирана појава на пороен дожд и грмежи. Утринската температура ќе се движи од 12 до 19, а дневната од 24 до 35 степени.

УВ-индексот ќе изнесува 8.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Актуелно
Comments are closed.

Check Also

Една фраза што НИКОГАШ не треба да ја кажете кога некој поминува низ тежок период

Кога некој минува низ тежок период, повеќето луѓе сакаат да помогнат, но често првите збор…