Дел Потро со епски пресврт до четвртфинале


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Хуан Мартин дел Потро избори пласман во четврт-финалето УС Опен после еден од најголемите пресврти во историјата. Аргентинецот го победи Доминик Тим после негатива од два сета со 3:2 (1:6, 2:6, 6:2, 7:6, 6:4).

Дел Потро ги загуби првите два сета со 6-1 и 6-2, се чинеше дека во секој момент ќе го предаде мечот, но на крајот успеа да направи епски пресврт.

Во третиот сет Аргентинецот се врати и го освои со 6:2, а голема борба донесоа последните два сета, во четвртиот Тим имаше предност од 2:5, но Делпо успеа сетот да го добие во тај-брејкот. Во решавачкиот сет десеттиот гем беше клучен за конечен триумф на Аргентинецот.

„Во изминатите два дена бев болен, но решив да играм. Не можев да се предадам пред ваква публика. Им благодарам на сите“, изјави Дел Потро.

Дел Потро во четвртфиналето ќе игра против Федерер кој со 3-0 го победи Колшрајбер, 6-4, 6-2 и 7-5.