ОФИЦИЈАЛНО: Еве кои се кандидатите за градоначалници на СДСМ


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Владејачката партија преку соопштение објави со кои кандидати ќе настапи на следните локални избори. Соопштението ви го пренесуваме во целост:

СДСМ на претстојните локални избори ќе излезе со чесна понуда на програма и кандидати кои што се професионалци и признаени во своите професии, личности што се препознати од јавноста и кои се подготвени да работат во интерес на граѓаните.

Во насока на транспаретноста и навременото информирање на јавноста известуваме дека до денеска завршена е постапката и потврдени се кандидатите на СДСМ за градоначалници за локалните избори 2017 година во следните општини:

За Град Скопје кандидат за градоначалник на СДСМ е Петре Шилегов.

Во општините во рамки на Скопје кандидати се:

Златко Марин за градоначлник на општина Аеродром,

Велимир Смилевски за општина Бутел,

Борче Георгиевски во општина Гази Баба,

Александар Наумоски во општина Ѓорче Петров,

Стефан Богоев во општина Карпош и

Филип Темелковски во општина Кисела Вода.

Во останатите општини во Македонија потврдени се следните кандидати:

за општина Арачиново – Миликије Халими,

Богданци – Блашко Шапов,

Брвеница – Мирко Стојановски,

Валандово, – Перо Костадинов,

Вевчани – Сашо Јанкоски

Виница – Ивица Димитров,

Демир Капија – Лазар Петров,

Зелениково Борче Гиевски,

Јегуновце – Дарко Блажевски,

Карбинци – Јордан Насев,

Конче – Благој Илиев,

Кривогаштани – Рубично Шефтеровски,

Крушево – Томе Христоски,

Могила – Јасмина Гулевска,

Новаци – Љубе Кузмановски,

Ново Село – Боро Стојчев,

Охрид – Јован Стојановски,

Пехчево –Драган Тренчевски,

Пласница – Шпресим Ајроски,

Св. Николе – Сашо Велковски,

Сопиште – Далибор Богдановски,

Чашка – Горан Стојановски

Штип – Благој Бочварски.

Јавноста ќе биде дополнително информирана кога ќе бидат потврдени кандидатите и за останатите општини.