„Дечко, ќе ми ја растуриш фризурата“: Лила арогантна кон колегите после распитот за „Рекет“


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Откако заврши нејзиното сослушување кај обвинителката Вилма Русковска во врска со случајот „Рекет“ во кој еден од главните осомничени и уапсени лица е нејзиниот добар пријател Бојан Јовановски, водителката Лила Филиповска пред обвинителството ја чекаа новинари за да земат изјава од неа после распитот.

И наместо фер и колегијално да оддели време и да им посвети внимание на своите колеги кои бараа изјава од неа во врска со распитот и имаа неколку конкретни прашања, Филиповска арогантно, надмено и потсмешливо реши да не ги удостои ни да застане додека ја прашуваат.

Расфрлајќи се со коментари од типот „Ау, па ти од кога со ова се занимаваш“ и дофрлајќи му на тој што снима „ќе ми ја расипеш фризурата“, ги избегна прашањата од репортерите потсмешливо велејќи им дека не може да одговори. На крајот ги поздрави со „чао друштво“.

Според неофицијални информации, Лила во два наврати префрлала на сметка од Бојан Јовановски или фирма поврзана со неговото име по 20.000 евра. Обвинителството истражува за потеклото на парите, како тие завршиле на сметката од Лила, дали се нејзини и како се стекнала со толку висока сума на пари.

За потсетување, Лила беше во автомобилот на Боки 13 вечерта кога тој беше лоциран со помош на базната станица кај Гевгелија и уапсен на граничниот премин „Богородица“ со соседна Грција, во обид да ја премине границата.