536 година – најтешкиот период за живеење кога Земјата 18 месеци била во мрак


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Пред речиси 1.500 години, поточно во 536 година, Европа и Азија, заедно со Средниот Исток биле зафатени од мистериозна магла која следните 18 месеци ја држела во мрак планетата Земја, со што го предизвикала еден од најтешките периоди кои ги доживело човештвото. Така тврди експертот од Харвард, Мајк Мекормик, коментирајќи го овој феномен кој се случил пред скоро 15 века.

Според најновите истражувања, мистериозната магла најверојатно била предизвикана од ерупција на вулкан на Исланд. Како резултат на што голем дел од северната полутопка била прекриена со пепел. Снегот што тоа време паднал на територијата на денешна Кина предизвикал неколкугодишен период на глад заради уништување на посевите. Летната температура паднала за 2,5 степени и подобрување на условите немало се до 640-тата година.

Сепак, дел од историчарите тврдат дека најтежок период за Европа била 1349 година, кога низ Стариот континент завладеала чумата, а други сметаат дека шпанската треска од 1918 сепак бил најмрачниот период во европската историја.